СДСМ Гостивар: Нов пазар, фабрика за рециклажа на отпад и прочистителна станица за отпадни води

Од:

Со формирањето на Владата и со проектите и политиките кои извршната власт започна да ги спроведува го подобруваме жиивотот на сите граѓани во Македонија. Сега ни треба поддршка и на локално ниво, за да продолжиме со исполнување на нашите ветувања и предвидени политики, за решавање на проблемите во нашата најблиска средина, нагласи Зоран Ангелов носителот на листата со кандидати за членови на Советот на општина Гостивар на прес-конференција.

Ангелов во своето обраќање потенцираше дека како коалиција ќе ги поддржат демократските процеси, за да, како што рече, се подобри животот на сите во Гостивар.

– Нашата советничка група преку Советот ќе обезбеди повеќе пари, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво. Ние активно ќе ги поддржуваме сите демократски механизми како петиции, претставки, граѓански иницијативи, собири на граѓани и референдуми, ќе ја отворииме локалната самоуправа за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги. Гостивар ќе биде отворена и услужна општина за сите, рече Ангелов.

Ангелов се осврна и на конкретните проекти и ги наброја позначајните како што се: решавање на проблемот со депонијата Русино преку јавно-приватно партнерство и овозможување на изградба на фабрика за рециклирање на отпад во месноста викана Краста. Покриен пазар за секојдневните потреби на граѓаните, замена на старите азбестни водоводни цевки и изградба на пречистителна станица за отпадни води. На крајот тој ги повика граѓаните да гласаат за советничката листа со реден број 19.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните