Писмо до Премиерот на БЈРМ (па нели така ја застапуваше Македонија на Европскиот Демохристијански конгрес)

Од:

Г-дине Премиер,

Деновиве пукна една вест, пукна со намера да биде силна експлозија, ама како што се бидува кај нас , излезе дека е некоја заостаната петарда од Вашите огномети. Барем Вие така ја доживувате.

Шегата настрана, тоа што го слушнав, а го преслушував повеќе пати длабоко ме загрижи. Прво што ме загрижи е тоа дека го чув гласот на мојот Премиер, глас говори за некои си 1.500.000 евра, како да станува збор за 15,00 денари. Таков мирен и спокоен глас и му доликува на еден Премиер. Браво!

И сега кога уживав слушајки ја таа снимка, како да станува збор за некој најнов светски хит музички, Вие ми го расипавте задоволството со деманти. Ама не лично од Вас, туку од Вашиот адвокат и од Вашите париски гласноговорници!

Првото прашање до Вас: Зошто Вие лично не се појавивте и не ги демантиравте сите тие гнасотилаци изречени од некоја си опозиција?

Второ: Ако тоа не е Вашиот глас не реагиравте веднаш и не побаравте од Јавниот обвинител, па макар тоа бил и Зврлевски кој никако да се оддели од 102,6% наречен Кока-кола, да покрене најсериозна истрага и да ја докаже Вашата невиност?!

Трето: Бидејки Вашите гласноговорници тврдат дека не сте тоа Вие, зошто Г-дине Премиер не превземете конкретни чекори?! Зошто на пример не му се јавите на опозиционерот и не му предложите сам да си избере светски форензичари и кои сами ќе ги платите, не чинат многу скапо, и на тој начин да ја докажете Вашата невиност и да си го обелите образот пред целата светска јавност на Македонија? Зошто Г-дине Премиер имате пари да создавате хорски песни и низ песни и ора да барате 65 пратенички места, немате пари за вакви сериозни обвиненија?! Да не сте го гледале, случајно филмот „Кабаре“, па од таму да ви дошла идеата за хорот. Таму ако се сеќавате се пее песната од Хитлер јунгерс хорот. Мене на тоа ми заличи Вашиот хор. Ако грешам нека изгорам, музички да се изразам.

Знаете ли Г-дине Премиер што може да се случи ако опозиционерот се сети и си спроведе приватна форензичарска истрага и ако таа истрага се покаже дека гласот е Ваш. Да, знам. Ќе кажете дека форензичарите се потплатени за така да кажат. Кај нас се е можно. Арно ама ако дојдат светски авторитетни форензичари, тогаш што правиме Г-дине Премиер?! Или ќе го чекаме 28.04 па да ја видиме првата реприза по премиерата наречена Љубе Бошковски, а? Ништо нема да ме изненади. Јас сум ти како СВОЗ (сите во одбрана и заштита) .

Веќе има предлог од две светски форензичарски имиња, Пољакиња и Србин, да им се понуди да утврдат за што и за кого станува збор. Да, Г-дине Премиер, додека Вие уживате во Ваша Дуократија (знаете многу добро кој е вториот) можеби во опозицијата ќе се сетат и тоа да го сторат, да ангажираат стручни лица и после Цацко Конопишки ќе Ви биде крив.

Ау, да бе, па Вие знам на која карта играте. Секое чудо за три дена. Па да, така Ви помина А1, така поминаа трите весника, така помина и Вашиот бивш брат Љубе, па Вашиот бивш Ване Цветанов, така проаѓа и Кежаровски, Шиповиќ…………..

Е мој Николче, не проаѓа се баш така. Да не ти е малку изветвена таа карта, бележана е ја препознаваме.

До скоро невидување Николче.

Марин Гермов

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска