Во Маврово еден метар снег

Од:

Без снег, со сончеви периоди и температури од -4 до 4 степени, најавува за денешниот ден Управата за хидрометеоролошки работи.

Снеготот што во изминатите денови интензивно паѓаше, во Маврово формира покривка од 95 см, на Попова Шапка 50, во Крушево 44, а во Скопје 12 сантиметри.

Најстудено изутринава е во Скопје, Крива Паланка, Крушево и Маврово со минус осум степени.

Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од -5 до -15 степени.

Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски