Ким ветува „резултати“ на втората средба со Трамп

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на посетата на Пекинг вети дека неговата втора средба со претседателот на САД, Доналд Трамп ќе доведе до „резултати“ што ќе ги исполни очекувањата на меѓународната заедница.

Кинескиот претседател Си Џинпинг апелираше до Северна Кореја и до САД да „направат чекор едни кон други“, додавајќи дека има „ретка историска можност“ за политичко решение на ситуацијата на Корејскиот Полуостров.

Ким до вчера беше во дводнева посета на Кина, четврта по ред во последната година.

Кина е важен дипломатски фактор во преговорите за нуклеарната и ракетна програма на Пјонгјанг, со оглед на тоа што Пекинг е главен сојузник и трговски партнер на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија