Македонската опера и балет најави концерт со диско-хитови по повод празникот Василица.
Концертот е насловен Disco fever, а ќе бидат изведени најдобрите диско-хитови од 70-тите години во целосно нови симфониски аранжмани.
„Хитовите Staying Alive, Night fever, Hot stuff, Upside down, Ain’t nobody, Dancing queen, That’s the way like it, Don’t stop till you get enough и многу други популарни хитови на Gloria Gaynor, Donna Summer, ABBA, Bee Gees, Michael Jackson, Boney M и останати диско изведувачи во живо со оркестарот и балетот на МОБ, традиционално на 12 и 13 јануари во 20 часот“, најавуваат од МОБ.