Дебарските жени кршеа василичарска погача, денеска децата суројчари во посета на православните домови

Од:

Дебранки синоќа кршеа василичарска погача, продолжувајќи ја традицијата воспоставена пред повеќе од три децении.

Погачата ја подготви Илинка Трајановска, каде лани се падна паричката, а синоќа најсреќна беше Весна Миновска, која од Трајановски доби подароци.

– Посакувам здравје, среќа, хармонија во моето и во секое семејство. Среќна сум што паричката се падна кај мене. Ова е вторпат, зашто паричката ми се падна и пред десеттина години. Ме радува што ја продолжуваме оваа традиција и посакувам уште долго, долго да трае, рече Миновска.

За значењето на Василица и традицијата зборуваше Бранко Љубиновска, професорка во Дебарската гимназија „28 Ноември”.

Денеска, што е стара традиција во овој крај, поголем број од домаќинките, ќе подготват пита или како што дебрани го нарекуваат виткан комат со паричка, која каде ќе се падне се верува дека носи среќа цела година.

Карактеристика за дебарскиот регион се и децата суројчари.

Тие денеска треба да ги посетат православните домови и да посакаат весела и плодна година. Во рака држат, како што се нарекува суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец. Домаќините ги даруваат пред се со пари, но и со благо, костени, ореви и овошје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Повеќе од 500 години бркаат зли духови со клопотарци: Џоломари имаат обичај, не знаат од каде потекнува

Орце Костов

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Возобновени коледарски песни првпат за Василица во Бигорскиот манастир

Ана Ололовска

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Ана Ололовска

Концерт „Диско треска“ по повод Василица

Наум Локоски

Почнува Вевчанскиот карневал

Наум Локоски