Договорот на Цеск Фабрегас со француски Монако ќе трае две и пол години, објави локалното издание „Екип“. Шпанецот веќе го одигра својот последен натпревар во Лондон за време на викендот.
Фабрегас се збогуваше со навивачите на „Стемфорд Бриџ“ во натпреварот од ФА Купот на Англија против Нотингем Форест.
Играчот и неговиот агент одржаа финални преговори со потпретседателот на Монако, Вадим Василиев, кои ги прецизирале сите детали за личниот договор на Фабрегас.
Двата клуба допрва треба да постигнат договор за надоместокот што Челзи ќе го добие. „Сините“ инсистираат на износ од околу 12 милиони евра.