Сончево и студено со мала до умерена облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до минус 14 степени, а дневната температура од минус еден до еден степен.

Во Скопје ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до минус шест степени, а дневната температура до нула степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Повремен слаб снег ќе има во недела, кога дневната температура ќе биде во благ пораст.

Во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски