Судот амнестира уште пет лица за 27 април

Од:

Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието на Република Македонија, а по претходно добиени мислења од надлежното обвинителство, уважи уште пет барања на обвинети лица во предметот.

Судот ги уважи барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17, соопштија оттаму.

Од судот додаваат дека сите преостанати барања се одбиени како неосновани.

Со овие решенија Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во законски утврдениот рок постапи, донесе решенија и истите ги достави до странките по однос на сите барања поврзани со Законот за амнестија на настаните од 27 – ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски