Времето денеска сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени.
Во Скопје, слично време, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Под влијание на студен и влажен бран од утре попладне и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и многу студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет.
Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, особено на планините (над 40см). Заради ниските температури ќе има појава на голомразица, а засилениот ветер на местаќе предизвика снежни наноси.
