Во деновите од викендот најмладите жители на Крива Паланка, но и сите кривопаланчани уживаа во музички хепенинг, кој се одржа на централниот градски плоштад, а го приредија дечињата од основните и средното општинско училиште од градот.
Кореографии на популарни детски рефрени, изведба на новогодишни композиции, музицирање и вокално-инструментслни перформанси, беа дел од богатата и весела програма која го привлече вниманието на публиката, но и на бројните посетители од соседните општини кои ја одбраа Крива Паланка за своја новогодишна дестинација.
Настанот го разубави и посетата на Дедо мраз кој пристигна на пладне и ги израдува дечињата, а вниманието на публиката го привлече главниот гостин на програмата, популарниот пејач Влатко Лозаноски.
Овој празничен настан претставува заокружување на новогодишната културна програма во организација на локалната самоуправа и институциите од областа на културата, која започна во четврток,27 декември, кога премиерно беше изведен фестивалот на детска песна “Распеано симитче” 2018 во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од градот.