Мелешкану: Приоритет со претседавањето е побрз влез на Западен Балкан во ЕУ

Од:

Западен Балкан мора да стане дел од Европската унија во разумен временски рок и ние се обврзуваме дека ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите партнери во регионот, изјави романскиот министер за надворешни работи Теодор Мелешкану.

Во изјава за Побједа вели дека кога станува збор за надворешната европска димензија, романски приоритет за време на претседавањето со Советот на ЕУ ќе го вклучи Западен Балкан, источните соседи, безбедноста и одбраната и улогата на Еу во мултилатерализмот.

– Веруваме дека глобалното влијание на ЕУ почнува со нејзина засилена улога во соседството, вели романскиот шеф на дипломатијата. Поради тоа, Романија ќе продолжи да дава големо значење на процесот за проширување и понатамошно промовирање на ангажманот на ЕУ во регионот.

Од 1 јануари идната година Романија презема претседавање со Советот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7