ВИДЕО: „Циган муртински, ја продаде државата“, протест против промена на името пред Владата на РМ

Од:

Демонстранти од иницијативата „Македонија бојкотира“ денеска излегоа на протест пред Владата на Република Македонија.

Нивните барање се владата да си поднесе оставка и заедно со претседателските избори на пролет да има и предвремени парламентарни избори. Граѓаните извикуваат „Предавници“, „Оставка“, „Циган муртински, ја продаде државата“.

Граѓаните кои излегоа на протест велат дека не се согласуваат со промена на името и дека не е во ред тоа што Владата не ја почитува волјата на граѓаните изразена на референдумот од 30 септември. Тие велат дека со промената на името ќе се изгуби и идентитетот на Република Македонија, што води до кантонизација на државата.

Демонстрантите носат македонски знамиња и плакати на кои пишува „Душмани запаметете: Македонија не ја даваме“.

Демонстрантите изјавија дека немаат намера да ги радикализира протестите, туку сакаат на мирен начин Владата да ги слушне нивните барања и ставови.

Околу владата може да се забележи засилено полициско присуство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски