Илиевски, Дамовски и Јовановски амнестирани за 27 април

Од:

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје по издадено позитивно мислење од страна на јавното обвинителтво одлучи да ги помилува организаторите на Иницијативата „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

„Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по доставени барања во врска со Законот за амнестија на настаните од 27 – ми април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, а по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решенија со кои ги уважи барањата на Б.И., В.Ј. и Б.Д. опфатени во предметот со КОК бр. 40/18.

Останите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење советот донесе решенија со кои истите се одбиваат како неосновани. За сите решенија, согласно Законот, обвинетите имаат право на жалба во рок од 3 дена до повисокиот суд.

Сите останати барања, во одделот Кирвично полнометни, се во фаза на одлучување и во Законски утврдениот рок ќе бидат донесени решенија кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено известена”, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Покрај Илиевски, Дамовски и Јовановски, како организатор на протестите беше посочен и оперскиот пејач Игор Дурловски, но тој не поднесе барање за амнестија во дадениот рок.

Обвинетите чии барања за аменстија ќе бидат одбиени имаат рок од 3 дена за жалба до Апелациониот суд.

Од обвинетите за „крвавиот четврток“ покрај Дурловски барање за амнестија не поднесоа Јане Ченто, Игор Југ, Митко Чавков и Душко Лазаров

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески