Законот за амнестија за насилствата во Собранието на 27 април и измените на Кривичниот законик со кој се отвора пат за условни или помали казни на дел од обвинетите и осомничените во случаите на СЈО кои гласаа за уставните измени предизвикаа бура од реакции на „Твитер“.
На социјалната мрежа каде често може да се видат критики и коментари за дневно-политичките случувања, овој пат најмногу револт предизвикаа најавите за селективната амнестија што ја спроведува власта.
„Си договорија нова амнестија. Ќе го менуваат и член 353 од КЗ за да се спасат некои од арамиите коишто ги гони СЈО! СДСМ и ВМРО, кога ќе признаете дека сте во тајна коалиција?“, гласи еден од твитовите на темата.
„За нив амнестија, за нас повисоки даноци. Ете како си го разбрале она Хорхевото #разуменкомпромис“, вели друг твит.
„Мијалков го ослободиле, тоа е за ЕУ и НАТО“, иронично гласи еден од твитовите.
Во продолжение дел од реакциите на граѓаните на оваа социјална мрежа.
Си договорија нова амнестија. Ќе го менуваат и член 353 од КЗ за да се спасат некои од арамиите кои што ги гони СЈО! Сдсм и Вмро, кога ќе признаете дека сте во тајна коалиција? Матер и ебавте на државава.. Луѓето ги закрвивте. Мајке вам га набијем лоповске.
— Диле Јоргачев (@lepi_dile) December 26, 2018
-Ќе си лежите!
-… pic.twitter.com/bfaxA4xcxa— Нандо (@NiceAsshole1) December 26, 2018
Она кога со измени на 2 члена од кривичниот законик се обезбедува 2/3 за промена на името и се "простуваат" 5 милијарди украдени пари од режимот.
Од тие 200 мил и се простуваат на #БеткаСалфетка.
И да, ДУИ пак ќе се спаси од #Апсаана.
Цел криминал во овие 15 години им застари.— Исцелителoт™ (@Iscelitelot) December 26, 2018
???? pic.twitter.com/eOI0QTCjhj
— EmptyPersona (@darkhour_seeker) December 27, 2018
Мукоски место барање за амнестија поднел документи за тендер !!!
— Jana #Будење (@janae1edna) December 26, 2018
За нив амнестија, за нас повисоки даноци. Ете како си го разбрале она Хорхевото #разуменкомпромис
— Gina (@ginalynx) December 27, 2018
Се започна со амнестијата на Ѓорѓе , сите се кренаа за денес да има селективна амнестија. Кој му одговара на нашиот ни мил премиер тој ке биде слободен кој не ке си лежи. Тоа е таа наша мила Македонија
— Visokio (@Visokio2) December 26, 2018
Ја не знам зашто Заев брза сите срања да ги направи во оваа година, као да ќе нема живот и во 2019.
— Миле Паника (@Mile_Panika) December 27, 2018
И Заев аплицирал за амнестија. По навика.
— Праведна Тавита (@PravednaTavita) December 25, 2018
Шефе, немаме мнозинство за у парламент, шо да праиме?
– Пушти го Мијалков од притвор. pic.twitter.com/QZGsMt0ijx— Chayanne (@NavahoCode) December 26, 2018