(ВИДЕО) Анѓушев: Во 2019 започнуваме сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура

Од:

Во организација на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија се одржа неформална предновогодишна средба и дружба на економскиот тим министри во Владата на Република Македонија со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис секторот во Република Македонија.

Во рамките на оваа средба заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев имаше свое обраќање пред присутните гости во кое ги сподели очекувањата и плановите на економските ресори за 2019 година и постигнатите резултати на економски план за годината што изминува.

Во своето обраќање вицепремиерот Анѓушев стави акцент на плановите за четирите клучни области, индустријата, трговијата, градежништвото и земјоделството кои имаат сериозно учество во севкупниот раст на бруто домашниот производ.

„Покрај автопатот Кичево – Охрид кој ќе продолжи да се гради, се градат експресните патишта, Штип – Радовиш, се гради Штип – Кочани, се гради излезот кај Куманово кон Крива Паланка, се гради излезот од Градско кон Прилеп, ќе се гради Скопје – Блаце. Ова се проекти од една груба бројка, од над една и пол милијарда евра заедно со железницата од втората фаза, којашто сега се тендерираше и сега е во фаза на евалуација, далекуводот од Република Македонија кон Албанија во вредност од 50 милиони евра кој е проектиран, а ќе се распише во јануари. Преку Законот за енергетика ќе се отвори простор за инсталација на 200 мегавати фотоволтаици кои ќе бидат распишани во две фази, првата ќе биде во првиот квартал во 2019“, соопшти вицепремиерот Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека со овие активности кои што се во тек, во 2019 започнува еден сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура кој на месечно ниво се очекува да има реализација од околу 50 до 60 милиони евра што ќе го подигне градежништвото на ниво на кое заедно со приватните градби ќе генерира раст.

„Градежништвото ќе го вратиме во нормален колосек имајќи во предвид дека 16 нови фабрики се градат и најавите на индустријата да го задржи континуираниот раст“, посочи вицепремиерот Анѓушев во своето обраќање пред претставниците на бизнис заедницата во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница