Специјалното јавно обвинителство дало позитивно мислење дека притворот на осомничените во предметот „Империја“ може да се замени со куќен притвор.
Ограничената слобода на осомничените сега е во рацете судиите од Апелација и од кривичниот суд. Ако тие одлучат, ќе бидат пуштении од притворот во Шутка, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други осомничени во случајот на СЈО „Империја“.
Судот им ја одби гаранцијата на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, притворени во случајот „Титаник“, но и за нив можно е да се оечкува истиот предлог за куќен притвор.
Орце Камчев поднесе жалба на притворот со гаранција од 14,5 милиони евра и пред кривичниот суд и пред Апелациониот суд Скопје. Мијалков понуди гаранција од еден милион евра.
Васко Маглешов