Кампања „Против говор на омраза и подигање на свеста кај младите за безбедност во сообраќајот “ ќе биде промовирана денеска од Агенцијата за млади и спорт.
На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и националниот координатор за спречување на тероризам и насилен екстремизам Борче Петревски.