Единствена Македонија: Заев е уплашен човек штом пушти полиција да го растури кампот на „Македонија-Блокира“

Од:

Единствена Македонија на денешната прес конференција, се осврна на, како што велат, незаконскиот полициски упад и растурање на кампот на „Македонија-Блокира“ пред Собранието на Република Македонија.

„Поводот за денешната прес конференција на Единствена Македонија како една од 84 членки во „Македонија-Блокира„ е погазувањето на уставно загарантираното право на протест од страна на марионестката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар.

Во понеделникот околу 03:00 часот наутро се случи скандал кога кордон од 42 припадници на полицијата заедно со екипи на комуналното градско претпријатие упаднаа во кампот на „Македонија-Блокира„ пред Собранието на Република Македонија.

Кампот е растурен и шаторите се отстранети иако блокадите се уредно најавени дека ќе траат до седницата на Собранието за гласање на уставните промени.

Ова се веќе знаци на една уплашена власт штом посегнува по насилно спречување на активностите на „Македонија-Блокира“.

Дури, власта се служи и со лаги кажувајќи дека при полициското растурање на кампот било празно иако во кампот беа присутни луѓе од „Македонија-Блокира„ како што впрочем во континуитет секоја вечер до утрото имаше наши активисти кои ноќеваат пред Собранието.

Нервозата и паниката кај ненародната власт е зголемена откога започнавме со блокади и надвор од Скопје, во други градови низ Македонија каде народот се повеќе ја изразува спремноста да ја брани македонската држава и македонскиот народ.

На Зоран Заев устата му е полна со демократија, а омилена фалба му е дека по падот на режимот на Груевски, Македонија била слободна и демократска земја.

Да го потсетам Заев. Од 17 мај 2015 година до месец јули речиси два месеци кампуваше со шатори пред владата и никој не го чепна. Настрана што соросовите платеници во земјата секојдневно го демолираа централното градско подрачје во Скопје и ништо не има фали“, рече на прес-конференцијата, претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници