Судските службеници ќе добијат право за исплата на додатоци на плата

Од:

Во собраниска процедура денеска влезе Законот за судска служба, со кој се регулира правото на судските службеници да добиваат додатоци на плата. Ова е практично исходот од овонеделната средба на премиерот Зоран Заев, претставниците на Здружението на судски службеници, претставниците на УПОЗ, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за финансии Драган Тевдовски, соопшти Министерство за правда.

По завршувањето на собраниската процедура, судските службеници ќе добијат рамноправен статус и третман во однос на додатоците на плата, со што ќе се стави крај на повеќегодишната дискриминација врз судските службеници.

Законот за судска служба, како што е наведено во соопштението, покажа недостатоци во делот на системот на плати, додатоци и надоместоци на плати на судските службеници.

Констатираните недостатоци во утврдувањето на правата на вработените во судската администрација во Законот за судска служба, во делот за плати, додатоци и надоместоци на плати на судските службеници, особено се однесуваат на делот на правото на додатоци на плата, кои се одразија на целосната примена на Законот.

– Постои невоедначеност во утврдените додатоци на плата на вработените во судската служба, со останатите вработени во правосудниот систем. На овој начин вработените во судската администрација за извршување на исти задачи со други вработени во правосудни органи не можат да остварат исти права во делот на додатоците на плата, се наведува во соопштението.

Во Законот, како додатоци на плата, воопшто не се предвидени додаток на плата за посебни услови за работа, додаток на плата за постоење на висок ризик и додаток на плата за доверливост. Исто така се утврдува и постапка за заштита од арбитрерност на претседателите на судовите при одредување на додатоците на судските службеници.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО