Помеѓу 64 барања за амнестија од обвинетите за настаните во Собранието на РМ, пристигнало и барање за амнестија и од адвокатот Еленко Миланов кој е бранител на неколку обвинети во случајот за 27 април минатата година.
Судијката Добрила Кацарска пред почетокот на денешното рочиште информираше за ова по што го запраша адвокатот дали и тој е обвинет за 27 април.
– Господине Миланов да не сум нешто грешка, да не не знам дека сте и вие обвинет во случајот, ако сум грешка кажете, му се обрати Кацарска на Миланов.
Виктор Јованов