Во Велес Новогодишно-божиќен гала концерт на МОБ

Од:

Во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт на Македонската Опера и Балет.

Како што информира градоначалникот Аце Коцевски, на овој грандиозен музички настан што го организира Општина Велес со поддршка на НУ Центар за култура Народен Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Ротари клуб“ –Велес ќе учествуват седумдесет членови на Македонската Опера и Балет, од кои 53 членови на оркестарот и седуммина првенци на Македонската опера и балет. Ќе настапат Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Ана Ројдева Талевска, Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.

Тие за велешката публика самостојно и во дует ќе изведат арии од најпопуларните светски оперски дела меѓу кои: „Кармен“ од Жорж Бизе, „Риголето“ и „Травијата“ од Џузепе Верди, „Мадам Батерфлај“ и „Турандот“ од Џакомо Пучини, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно и „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах/

-Влезот за Гала концертот е слободен и ги поканувам сите љубители на класичната музика да не ја пропуштаат можноста, овде во Велес да уживаат во уметноста на операта. Искрено верувам дека оваа празнична честитка на Општина Велес со вечер посветена на операта како светско културно наследство долго ќе остане во сеќавање на велешани и ќе не поттикне во интерес на граѓаните и во иднина да организираме атрактивни настани од областа на културата. Ако се има во предвид дека последен пат во живо велешани гледаа опера далечната 2005 година, кога МОБ настапи со операта „Рита“, навистина станува збор за ретко музичко доживување во Велес,потенцира Коцевски

Воедно најави дека со генералниот директор на НУ МОБ, Васе Ристов,со уметничката раководителка на операта Бисера Чадловска и со уметничката раководителка на балетот Олга Панго веќе договориле кон средината на февруари гостување на МОБ во Велес со култната балетската претстава „Либер Танго“ од Астор Пјацола.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ