Земјотрес во Јонското Море кај Закинтос

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала бил регистриран рано изутринава во Јонското Море, на 48 километри јужно од грчкиот остров Закинтос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Меѓутоа, според Европско-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот што се случил во 3.41 часот по локално време (2.41 часот по средноевропско време), бил со јачина од 4,8 степени според Рихтер.

Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Закинтос на 26 октомври беше погоден од силен земјотрес со интензитет од 6.4 степени, што предизвика материјална штета, а оттогаш во Јонското Море често се регистрираат помали потреси.

Би можело да ве интересира

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Унгарија