Истекува рокот за аплицирање за „Најдобар млад научник“ за 2018 година

Од:

Аплицирањето на јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2018 година, признание што го доделува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, трае до 31 декември.

Повикот е отворен за сите млади луѓе коишто заклучно со 2018 година навршуваат 30 години, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато значајни научни резултати.

Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиено награда или признание за научно-истражувачка работа, да имаат објавени резултати од научно-истражувачка работа и применетост на резултатите од научното истражување за тековната 2018 година.

Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, по иницијатива на претседателот Иванов, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2018 година со кои се конкурира (во еден печатен и еден електронски примерок – CD) и уверение за државјанство на Република Македонија.

Заинтересираните кандидати своите документи треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31 декември 2018 година.

Досегашни носители на признанието „Најдобар млад научник“ од 2010 до 2017 година се Никола Златанов, Трифче Сандев, Катерина Бачева, Петар Стојанов, Даниел Денковски, Михаела Ангелова, Христијан Ѓорески и Сретен Давидов.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски