Горанчо Ангеловски и Иван Цветановски ќе поднесат барање за амнестија

Од:

Адвокатот Драган Пешевски пред почетокот на денешното рочиште за 27 април, изјави дека неговите клиенти, обвинетите во случајот, Горанчо Ангеловски и Иван Цветановски, ќе поднесат барање за амнестија.

Пешевски очекува Ангеловски и Цветановски да бидат амнестирани согласно Законот за амнестија. Тој ја пренесе пораката од двајцата обвинети дека е дојдено време за национално помирување.

Законот за амнестија кој на 18 овој месец е донесен со 95 гласа „за“ ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, е веќе потпишан од страна на Претседателот Иванов и е излезен во Службен весник со што е и стапен на сила.

Од денеска започнува да тече рокот од 5 дена за поднесување на барање за амнестија од страна на обвинетите. По поднесените барања судот по консултација со Јавното обвинителство ќе однесе одлука по истите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески