Кина ги демантира „клеветничките“ обвинувања за економска шпионажа на САД

Од:

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека остро се спротивставува на „клеветничките“ обвинувања за економска шпионажа од страна на САД и нивните сојузници.

Министерството го повика Вашингтон да ги повлече обвинувањата, како и обвиненијата поднесени против двајца кинески државјани во САД.

– Ги повикуваме САД веднаш да ги поправат своите грешки и да го спречат ширењето на клеветни гласини за безбедноста на интернет, стои вели во соопштението.

Американското Министерство за правда вчера соопшти дека САД обвиниле двајца Кинези за големата хакерска кампања, спроведена по нарачка на кинеската Влада против 45 компании во 12 земји.

Обвинети се Жу Хуа и Жанг Шилог, дека биле дел од групата позната како Еј Пи Ти 10 (АПТ 10), која функционирала од Кина, во соработка со кинеското Министерство за државна безбедност. Од 2006 до 2018 година, групата упаднала во кумпјутерите на 45 фирми во 12 држави со цел да украде доверливи податоци и индустриски тајни, се појаснува во соопштението.

Во меѓувреме, Велика Британија информира дека се приклучува кон сојузниците во барањето одговор од кинеската Влада за глобалната хакерска кампања, насочена кон фирми во Европа, Азија и САД.

Британската Влада наведе дека групата АПТ 10 дејствувала во име на кинеската Влада.

– Таа кампања покажува дека некои луѓе од кинеската Влада не се придржуваат кон ангажманите кои Кина ги презема пред Велика Британија во билатералниот договор од 2015 година, се наведува во соопштението од Лондон.

Портпарол на премиерката Тереза Меј рече дека односите меѓу Лондон и Пекинг се доволно силни за да дозволат да се критикува Кина за хакерските напади и обидите за кражба на индустриски тајни.

Би можело да ве интересира

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети