Трамп му испрати писмо со благодарност на Рама за протерување на иранскиот амбасадор

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп испрати писмо до албанскиот премиер Еди Рама по протерувањето на иранскиот амбасадор во Тирана, Голамхошеин Мохамадниа и уште еден дипломат, под обвиние „за терористички заговори на територија на Албанија“.

Писмото го објави американската амбасада во Тирана, која ја пофали албанската Влада за акциите против иранскиот режим.

Амбасадата изразува поддршка за Албанија, нарекувајќи ја стратешки сојузник.

Во писмото, претседателот Трамп му се заблагодарил на премиерот Рама, нагласувајќи дека протерувањето е „пример за нашите заеднички напори да и покажеме на иранската Влада дека нејзините терористички акции во Европа и светот ќе имаат сериозни последици “.

И советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон изрази поддршка за премиерот Еди Рама и албанскиот народ во борбата против тероризмот.

Болтон на Твитер напиша дека премиерот Еди Рама го протерал иранскиот амбасадор сигнализирајќи им на иранските водачи дека поддршката на тероризмот нема да се толерира. Тој изрази силна поддршка и го нарече „опасно“ однесувањето на Иран кон Европа и светот.

Протерувањето на иранските дипломати од Тирана го поздрави и амерканскиот државен секретар Мајк Помпео, оценувајќи дека „светот треба да биде обединет во санкциите кон Иран, со цел да го смени однесувањето“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 68 жртви во американските воздушни напади врз Јемен

Четиригодишно американско девојче кое се лекува од рак е депортирано од САД

Трамп: Зеленски е подготвен да го предаде Крим на Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Откриен дел од разговорот меѓу Трамп и Зеленски на средбата во Ватикан

Трамп бара бесплатен премин за американските бродови низ Панамскиот и Суецкиот канал

Катерина Ѓуровски

Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба