Жител на Кавадарци обвинет за обид за убиство и противправно лишување од слобода

Од:

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе Обвинителен акт против 37-годишен жител на Кавадарци за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл.19 (во обид) и кривично дело – Противправно лишување од слобода од чл.140 ст.1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот му се става на товар дека на 06.06.2018 година најпрвин по телефон ја повикал оштетената да му се придружи на патувањето за Прилеп. Таа прифатила и обвинетиот ангажирал такси-возило, но со него наместо кон Прилеп се упатиле во правец на с. Бегниште.

Кога дошле до крајот на селото, тој ѝ рекол на оштетената да излезат од возилото и продолжиле да се движат пеш по блиските ниви. Во еден момент, обвинетиот извадил нож и со него ја прободел оштетената во стомакот од десната страна под градниот кош, нанесувајќи ѝ со тоа тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот.

Потоа си заминал оставајќи ја оштетената сама.

По неколку часа се вратил и со помош на лице – сведок во постапката ја однел во неговата куќа и таму ја оставил, иако оштетената имала болки и крварења и го молела да ја однесе на лекар. Со ваквите дејствија тој противправно ѝ ја ограничил слободата на движење.

Пак се вратил и утредента, на 07.06.2018 година, на инсистирање и молба од оштетената со такси ја однел до с.Сопот, во близина на куќата на нејзините баба и дедо, ја исфрлил од такси возилото во бесвесна состојба и таму ја оставил.

Истовремено со Обвинителниот акт доставен е Предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот, бидејќи се уште постојат основите поради кои истиот е определен. Имено, обвинетиот е пријател на оштетената и кривичното дело го сторил искористувајќи ја нејзината доверба и пријателство, што претставува околност која го оправдува стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело.

Исто така, по извршувањето на кривичното дело, обвинетиот се криел во повеќе градови низ Македонија, честопати го менувал своето престојувалиште, што упатува на можност тој да се даде во бегство доколку биде на слобода.

Во рамките на истражната постапка, обвинителството ја испитуваше евентуалната кривична одговорност и на други инволвирани лица, но до овој момент не се пронајдени докази кои упатуваат во таа насока.

Би можело да ве интересира

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски