Изминатиов викенд екипата на КК „Ангели“ на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ со голема разлика го победи КК „Спорт тим“ од Неготино, со резултат 108:39.
Клубот од Кисела Вода со овој резултат се задржа на првата позиција во втората сениорска лига. Следниот натпревар „Ангели“ ќе го играат против КК „Хераклеа“ од Битола.