Доделување на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

Од:

Свечено доделување на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе се одржи денеска во Скопје.

Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес, како и коректен однос кон вработените, почитување на нивните работнички и професионални права.

Комисијата за избор на добитник на оваа награда номинации примаше до 7 декември.

-Тргнувајќи од премисата дека демократско општество кон кое Македонија се стреми можно само доколку новинарството се третира како јавно добро, како инструмент преку кој власта е под постојана контрола и преку кој се заштитува јавниот интерес, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја воспоставува годишната награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“ која ќе го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец, се наведува во најавата на ССНМ.

-Медиумите се платформата преку која новинарите и медиумските работници комуницираат со граѓаните и без слободни медиуми кои го разбираат концептот на јавно добро и јавен интерес не е можно остварување на потребното влијание за исполнување на главната функција на новинарството, додава ССНМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува