МНР: Идентификувани двајца од тројцата починати патници од автобусот што се преврте кај Лесковац

Од:

Во автобуската несреќа која што се случи во близина на Лесковац во Србија рано утрово, загинаа три лица, од кои идентификувани се една 68-годишна жена и еден 68-годишен маж, соопшти македонското министерство за надворешни работи.

Тие известуваат дека третата жртва се’ уште не е идентификувана. Надлежните служби работат на идентификација и на повредените.

Автобусот кој што утрово се преврте во близина на Лесковац е на компанијата Еуробус од Струга, а кон местото на несреќата се упатиле министерот за здравство Венко Филипче, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и претставник од македонската амбасада во Белград.

Вкупно се повредени 32 лица, од кои 28 се вон животна опасност и се згрижени во општата болница во Лесковац. Од нив 4 се на хиругија, 1 на ортопедија.

Четворицата кои се потешко повредени се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Според персоналот на болницата тие се вон животна опасност, но нивната ситуација константно се следи.

Од МНР известуваат на сите патници кои ќе бидат пуштени од болница ќе им биде обезбедено сместување.

Фото: РТС

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари