(ВИДЕО) Костадинов: Нема веќе злоупотреби, самоволие и изживување врз фирмите и граѓаните

Од:

Воведуваме нова, правична и сразмерна казнената политика. Ги намалуваме казните и до 75 отсто, се воведува опомена пред казна и пропорционално казнување. Ставаме крај на репресивната казнена политика. Нема злоупотреби, самоволие и изживување врз фирмите и граѓаните. Нема повеќе „пиштење-вриштење“ што беше одлика на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Со новата казнена политика Македонија станува праведна држава која функционира по европски правила. Глобите се пропорционални на тежината на прекршокот. Казната нема да го отежнува животот на граѓаните и компаниите, туку ќе донесе промени на нивното однесување. За правните лица, при одредување на казната ќе се земе предвид остварениот приход во претходната година, бројот на вработени, како и претходното санкционирање за исти или слични прекршоци, рече Костадинов.

Тој додаде дека за прв пат ќе се прави разлика, односно градација меѓу малите, средните и големите претпријатија.

– Минималната глоба за малите фирми ќе изнесува 50, а максималната 2.000 евра, за разлика од сега кога максималната висина на глобата изнесува 5.000 евра. Максималниот износ на глоба за средните и големи претпријатија не може да надминува 10.000 евра. Се воведува и опомена пред изрекување казна. Опомена се изрекува и во случаи кога прекршокот е сторен за првпат и не предизвикал штетни последници, ниту пак го загрозил јавниот интерес. Високите казни ќе се применуваат за прекршоци што предизвикуваат општествена опасност како и оние кои што се против животната средина и уништувањето на културното богатство, рече Костадинов.

Како што кажа тој, глобите за физички лица исто така се намалуваат за 75 отсто.

– Ги оставаруваме дадените ветувања, воведуваме правичност, казните да имаат превентивна и корективна улога, а да не бидат екстремна мерка со која само ќе се полни Буџетот. Новото законско решение наскоро влегува во собраниска процедура. Ги повикуваме сите пратеници да се вклучат во процесот, заеднички да обезбедиме правична и сразмерна казнена политика во интерес на фирмите и граѓаните, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата