Миленко Неделковски на 17 јануари на суд за ширење ксенофобија

Од:

Новинарот и водител, Миленко Неделковски, на 17 јануари 2019 година првпат ќе седне на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет. На Неделковски ќе му суди судијата Марин Станевски, кој го суди случајот со смртта на малата Тамара. Неделковски, за кого е поднесен обвинителен предлог до судот е обвинет дека на 24.07.2018 година, преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност.

Обвинетиот како јавна личност – новинар, на неговиот јавен профил на „Фејсбук“, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше човечки жртви. Неделковски, според обвинението, со коментарот промовирал омраза кон Грците како етничка група, кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, во Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

Во текот на истрагата, надлежниот јавен обвинител преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР, обезбедил документиран материјал за активноста од корисничкиот профил на обвинетиот на социјалната мрежа, како и други докази.

Обвинителството направило увид и во дадените коментари од други лица кон објавениот текст на осомничениот, но оценило дека од кривично-правен аспект постојат основи за постапување само против Неделковски, бидејќи тој врз основа на неговиот општествен статус и професијата што ја извршува, со објавата ги поттикнал останатите коментари во јавноста.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува