ВМРО-ДПМНЕ: Битолчани, скопјани, струмичани и кумановчани синоќа се гушеа во канцероген воздух

Од:

„Битолчани, скопјани, струмичани и кумановчани синоќа се гушеа во канцероген воздух.

Загаденоста во градовите достигна и до 328 микрограми на метар кубен, а Заев, Шилегов, Максим, Наташа и Коста не преземаат буквално ништо.

Црн воздух, црн живот во Република Македонија.

Секојдневно болниците ширум државата се полнат со десетици граѓани со срцеви и белодробни проблеми настанати како последица на аерозагадувањето.

Зоран Заев пред повеќе од две години ветуваа чист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, сега две години подоцна, воздухот не е почист, напротив загадувањето се повеќе е проблем за граѓаните.

Власта не презема суштински чекори во насока на решавање на загадувањето, од 7 милијарди евра колку што потрошија изминативе две години, ниту еден денар не одвоија за проекти и мерки кои ќе го намалат загадувањето, но затоа одвојуваат 1.6 милиони евра за лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра за морски плодови и се делат милиони во четири очи.

Наместо решенија за овој горлив проблем заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули шета низ Европа на чист воздух, а кога е во државата спие во собрание.

Црната власт не презема ништо за подобрување на квалитетот на воздухот. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора веднаш да си замине. Токму затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протесните маршови низ Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус