Анализа: Ромите се соочуваат со најголеми социо-економски проблеми

Од:

Припадниците на ромската заедница се соочуваат со најголеми социо-економски проблеми и се најдискриминирани од системот, покажале резултатите од анализата на Центарот за семејно и детско згрижување од Атина и Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје.

Анализата има за цел да се подготви инклузивен извештај за степенот на заштита на правата на децата Роми во Македонија, со посебен акцент на 7-те целни општини во Македонија кои имаат највисоки стапки на ромската популација – Шуто Оризари, Чаир / Топаана, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Тетово.

-Според последниот национален попис од 2002 година, Ромите официјално сочинуваат само 2,66 проценти од населението, но вистинскиот број може да биде поголем. Ромите живеат во 64 од 84-те општини во земјата и сочинуваат една од групите кои неодамна добија видлива политичка застапеност како дел од напорите на владата за да се обезбеди подобра застапеност на етничките малцинства. Општо земено, децата се сметаат за една од најранливите општествени групи кои се соочуваат со различни социо-економски ризици за време на нивниот личен развој. Покрај тоа, овие ризици се дури и поголеми кога децата припаѓаат на заедницата како што се Ромите кои имаат највисока стапка на невработеност, сиромаштија и неписменост во споредба со општата популација. Затоа, на овие деца и на нивните семејства им е потребна систематска социјална поддршка и економско зајакнување за надминување на нивните секојдневни предизвици и нееднаквости, се вели во соопштението од Центарот за семејно и детско згрижување од Атина и Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје.

Најголем дел од постоечката анализа за статусот на ромските деца во Македонија главно се фокусирала на успехот и неуспехот на интервенции, програми и стратегии дизајнирани и имплементирани од страна на одредени владини и невладини организации.

-Граѓанските организации во Македонија се еден од најактивните актери кои се залагаат за заштита на правата на децата Роми. Нивната анализа помогна во бројни случаи за откривање на главните проблеми и редовно нудат различни модели за надминување на постојните предизвици,. Граѓанските организации немаат човечки ресурси и организациски способности за имплементација на долгорочни проекти и повеќе стратешки пристап во функционирањето, се додава во соопштението.

Наодите и препораките презентирани во оваа анализа ќе придонесат за правилно поставување на проектните активности предвидени во следната фаза од спроведувањето на проектот – теренски истражувачки активности, односно собирање на квалитативни податоци преку прашалници и детални интервјуа со локалните координативни тела (ЛКТ) членовите, органите на локалната самоуправа, другите релевантни засегнати страни, како и припадниците на ромската заедница од целните општини.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска