Харадинај: Приштина нема да презема нови мерки против Србија

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека неговата Влада не планира да презема дополнителни мерки против Србија, како што шпекулираат деновиве медиумите во Косово и во Србија.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по денешната седница на Владата, Харадинај рече дека за сега останува мерката од 100 отсто такси на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.

Говорејќи за дијалогот меѓу Приштина и Белград со посредство на Европската унија (ЕУ), косовскиот премиер ја обвини високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини дека го задушува преговарачкиот процес, со нејзините „неприфатливи изјави за корекцијата на границите“.

– Мислам дека Могерини го задуши и го поремети дијалогот. Од дијалог за нормализација го претвори во дијалог за територии и граници, за размена, што на Балканот подразбира дестабилизација. Таа реално му предизвика штети на нашиот регион – и со тоа што ја дозволува дискусијата, и со тоа што јавно се изјаснува за тоа. Жално е по една толку голема инвестиција на ЕУ да се дозволи едно вакво пореметување, изјави Храдинај.

За поканите што Специјалниот суд за Косово од Хаг ги упати до неколку поранешни раководители на Ослбодителната војска на Косово, косовскиот премиер истакна дека тоа „не е ништо страшно“.

– Не е ништо страшно за борците на слободата – одат и доаѓаат. Јас ќе се молам да се вратат, изјави Храдинај.

Специјалниот суд за Косово до сега упати покани за распит на командантите на ОВК Рустем Мустафа-Реми и Сами Љуштаку, на шефот на воената полиција на ОВК за Подујевската оперативна зона и на претседателот на воениот суд на ОВК Сокол Добруна, кои треба да се јават во Хаг по Нова година.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“