Одбележани 50 години од збратимувањето на Битола и Епинал

Од:

Делегација од Општина Битола, предводена од градоначалничката Наташа Петровска, викендов престојуваше во збратимениот град Епинал во Република Франција, на одбележувањето на празникот на заштитникот на градот, Св. Никола. Воедно, за време на прославата, беа одбележани и 50 години од збратимувањето на двата града. Во својот говор,за време на официјалниот прием во општинската зграда во Епинал, градоначалничката Наташа Петровска го истакна значењето и придобивките на двата града од 50 годипното збратимување.

„И еве, тука во Епинал, одбележуваме заеднички една историја, една традиција, една силна врска која трае непрекинато веќе 50 години. 5 децении за нас некој го трасирал овој пат. Ние сега ја трасираме иднината за нашите генерации. Ние сега, со ова заедничко пријателство и блискост, Вашето присуство во Битола и нашето во Епинал, покажува дека ни е важно ова пријателство да трае, да опстојува, да се негува и постојано да расте. Затоа за нас претставува огромна чест, што во квартот кој го носи името на нашиот град Битола, сега има и сквер Битола“, истакна Петровска.
На оваа свеченост беше потпишана Повелба и Златна книга по повод 50 години од збратимувањето на двата града.

За време на прославата во Меѓуопштинската мултимедијална библиотека во Епинал беше инаугурирана изложбата „Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ од авторот Роберт Јанкулоски.Изложбата ја отворија градоначалникот на Епинал, Мишел Хајнриш и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.Битолската делегација имаше можност да го открие новиот тотем за историјатот и географската положба на градот Битола, поставен на влезот од квартот Битола во Епинал. На овој начин, велат од локалната самоуправа на Епинал, самите жители на квартот Битола ќе знаат повеќе работи за градот чие име го носи нивниот кварт.

Би можело да ве интересира

Баро: САД да престанат да ја уценуваат Данска за Гренланд

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Порака од Франција: Американскиот напад врз Венецуела е спротивен на принципите на меѓународното право

Дуров: Макрон ја претвора ЕУ во дигитален гулаг

Портокалово предупредување за снег и мраз во Франција