Шест сантиметри снег на Попова Шапка, два во Маврово

Од:

Утринава поголема облачност се преместува преку северот кон исток и североисток. Од неа врнежи од дожд има на пониските места, во Тетово повремено дожд со снег, во Крива Паланка снег, а снег има и на повисоко во Лазарополе, Пожаране, Маврово и Ѓуриште.

Снежната покривка во Попова Шапка е 6 сантиметри, а во Маврово – 2 сантиметри. Најмногу дожд синоќа наврна во Пожаране, Маврово, Тетово, Скопје и Куманово. Најладно беше во Берово – 4 и Струмица – 2.

Времето ќе биде претежно облачно, уште од ноќта најпрвин на северозападот, а потоа и претпладне во поголемиот дел од земјата со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Температурата преку денот ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе врне повремен дожд. Попладне ќе има намалување на облачноста и со слаб до умерен претежно северзападен ветер. Температурата ќе достигне до 7 степени.

Утре и во среда ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток кога ќе се задржи облачно и ќе започне да дува југоисточен ветер.

Би можело да ве интересира

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег

Слаб снег провејува во Кичево, Пресека и Буково

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

Студено со снег и забрани и предупредувања за движење на критичните точки

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, одбива евакуација