Влада на Косово: Масовен хакерски напад од Србија, БиХ и Македонија врз државните институции

Од:

Косовската Влада тврди дека врз институциите во земјата денеска е извршен масовен хакерски напад, кој доаѓа од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, при што целосно е хакиран системот на електронската пошта.

Порталот „Газета Ексрепс“ објави писмо кое Владата во Приштина го испратила до амбасадите на Косово во кое ги информира за нападот и изразува стравување дека тој може да се прошири и понатаму.

– Ве информираме дека денеска од 10:00 часот имаме голем кибер-напад кој продолжува и понатаму. Нападот е мошне организиран и доаѓа од Србија и Босна и Херцеговина, а додека ова ви го пишуваме започна и од Македонија, се вели во информацијата која порталот тврди дека ја добил од извори во Владата.

Цел на нападот се комуникациите преку електронска пошта на државните претставници и на институциите на Косово, а намерата е да се оневозможи нивната меѓусебна комуникација.

Владата, заедно со Агенцијата за информатичко општество и Отсекот за кибернетички криминал во Полицијата на Косово, презема дејствија за одржување во функција на електронската пошта, се вели во соопштението, во кое се изразува стравување дека нападот може да се прошири и на другите електронски услуги.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Кривичен определи мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

Таравари: Успешно извршена нова – петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и прва баријатриска интервенција на Клиника за дигестивна хирургија

Петмина повредени во сообраќајка, прекин на сообраќајот на патот Делчево-Пехчево-Берово

Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“