Сочувство од претседателот Иванов по повод смртта на Љубиша Георгиевски

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати сочувство по повод смртта на Љубиша Георгиевски.

–Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот режисер, писател и професор Љубиша Георгиевски. Иако немам соодветни зборови кои можат да ја опишат големината на загубата, дозволете во овие тажни мигови да изразам најискрено и најдлабоко сочувство на неговото семејство и на целата македонска јавност. Со смртта на Љубиша Георгиевски загубивме голем интелектуалец, уметник и патриот. Со своето уметничко дело остави неизбришлива трага во македонскиот театар и филм инаугурирајќи се во креативен и мислечки бард на македонската уметност и култура. Зад него останаа повеќе од 160 театарски претстави и неколку играни филмови кои ја издржаа критиката на времето. Љубиша Георгиевски со својата луцидност, творечка храброст и човечка доблест беше наша гордост и инспирација, се наведува во телеграмата со сочувство.

Воедно се додава, дека во текот на исклучително богатата политичка и дипломатска кариера мошне одговорно и креативно ги одигра своите улоги на претседател на Собранието и амбасадор во Софија и во Белград каде ревносно ги бранеше државните интереси на Република Македонија, а како член на неговиот Совет за меѓународни односи, се наведува, тој даваше мудри совети и промислувања за клучните прашања за Република Македонија.

-И преку својот уметнички и преку општествениот ангажман до крајот на својот живот, Георгиевски се бореше за македонската кауза останувајќи верен на своите вредности, ставови и убедувања.Вечно ќе сме благодарни за сè што направи за Република Македонија и за наследството кое ни го остави и кое ќе остане патоказ и светлина за идните генерации. Вечна му слава и нека почива во мир, стои во изарзите на сочувство од претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски