Сугарески: Засилени активностите на автопатот Кичево-Охрид

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува сериозно интензивирање на активностите на автопатот Кичево-Охрид следната година и тој да биде готов во предвидениот рок до јуни 2021 година.

Тој при денешната посета на Кичево изјави дека на терен веќе се одвиваат засилени активности и потсети дека се надминати сите наследени проблеми на овој автопат. Изгласан е и третиот анекс на договорот за дополнителни 190 милиони евра.

– Има околу 54-55 проценти реализација досега, но она што е поважно е дека се надминати сите наследени проблеми со тунелот, свлечиштата, клучките и алтернативните патишта. Тоа го надминавме во изминатиот период, нагласи Сугарески по средбата со градоначалникот Фатмир Дехари.

Потсети дека во тек е и проектирањето на првата делница од новиот автопат од Кичево до Гостивар. За втората делница од Букојчани до Горна Ѓоновица и за третата делница Горна Ѓоновица – Гостивар ќе се обезбедат средства од ЕУ за проектирање.

– Ова се многу важни проекти за овој регион и за економски развој на општините, истакна министерот Сугаревски, додавајќи дека се обезбедени 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта и над 100 милиони евра за водоводни и канализациски мрежи во општините.

Во однос на изградбата на пругата од Кичево до Лин, министерот Сугарески истакна дека во моментот се работи на обезбедување финансиски средства.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска