Баерн го демолираше Шалке на “Алијанц Арената“ совладувајќи го со високи 4-0.
Со тоа “баварците“ сигурно итаат кон титулата во домашното првенство, каде што само чудо може да ги спречи. Давид Алаба со удар од белата точка, го постигна првиот гол за водство на домаќините во 19-та минута. Во 32-та минута Бастијан Швајнштајгер, со одличен слободен удар го зголеми водството на 2-0.
Веќе по шест минути во второто полувреме, Алаба се запиша во листата на стрелците по втор пат, а Хилденбранд по трет пат ја вадеше топката од својата мрежа.
На 4-0 зголемува Гомез, кој постигна гол во 64-та минута на асистенција на Робен, кој на десет минути до крајот стрелаше многу атрактивно, гол, кој за жал му беше поништен.