(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе дехидрираат од плукање по мене, а државата ја водат во пропаст

Од:

Ќе дехидрират од плукање по мене, а притоа не гледаат дека државата пропаѓа, народот си оди, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на протестниот марш пред Владата.

„Тука сме да го изразиме нашето незадоволство од оваа Влада. Сакам да ви се заблагодарам на вас најхрабрите кои и оваа и секоја наредна среда, и секој четврток и секој петок, ќе ни се придружувате тука пред платото на Влада“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додека насобраните граѓани скандираа „Христијан … Христијан…“

„Заедно да се мобилизираме и да им го нанесе најголемиот пораз во историјата на следните претседателски избори. Без око да им трепне тие го менуваат името на државата. Нека излезе човекот што беше предводник на оваа операција, човекот што се храни од овие граѓани, човекот што ги користи сите привилегии, тој човек кој го нарече овој народ искомплексиран, не господине Димитров ние не сме искомплексирани. Излезете и јавно извинете се“, изјави Мицкоски.

И додаде дека скапо ќе платат на следните парламентарни избори.

За време на говорот на Мицкоски граѓаните скандираа „Оставка, оставка“.

„Оваа власт удри по секого по секој граѓанин, го замајуваат народот со монтирани политички процеси, но ние сме тука да кренеме глас против Кацарска судството,“ додаде Мицкоски во својот говор.

„Малку е што сакаат да ни земат јазикот, индентитетот, сега удрија и по лебот, ни го поскапуваат. Вода нема чиста никаде, загаден воздухот, луѓето сиромашни и обесправени. Ќе дојде денот кога ќе платат и за лебот и за водата“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека згора на тоа не убедуваат дека црното е бело.

Ќе протестираме против ова гнило политичко мочуриште спроти мене, во кое гнијат овие политичари“, рече Мицкоски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски