Во претрес на домовите на двајца скопјани пронајдени оружје и дрога

Од:

Полицијата во домовите на двајца скопјани пронајде и одзеде 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици, еден пушко – митролез и марихуана.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија ги лиши од слобода М.М. (26) и Ф.Ј. (20) од Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидени и казниви по член 396 и 215 од КЗ на РМ.

По издадени наредби од Основен Суд Скопје 1 Скопје беа извршени претреси во домовите на М.М. и Ф.Ј. на ул „Бутелски венец“ во Скопје.

При претресот кај М.М., пронајдени се околу 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици.

Вториот претрес е извршен кај лицето Ф.Ј. при што кај истиот е пронајден еден пушко – митролез и марихуана.

По целосно документирање, против М.М. и Ф.Ј. ќе биде поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра