Писмо на Ајнштајн, во кое го негира постоењето на Бог продадено за 2,9 милиони долари

Од:

Писмото од 1954 година во кое Алберт Ајнштајн тврди дека Бог е „производ на човековата слабост“ и во кое зборува за својот еврејски идентитет продадено е на аукција за речиси 2,9 милиони долари, изјави портпаролката на аукциската куќа „Кристис“.

Ајнштајн, во писмо адресирано до германскиот филозоф со еврејско потекло Ерик Гуткинд, за Библијата пишува дека е „колекција на благородни, но сепак примитивни легенди“.

– Зборот Бог за мене не е ништо други туку израз и производ на човековата слабост, напиша физичарот една година пред смртта.

Наддавањето за писмото траело само четири минути, а постигнатата цена е поголема, „Кристис“ предвидуваше дека ќе биде продадено за околу 1,5 милиони долари.

Ајнштајн писмото го напиша додека живееше во Принстон, американската сојузна држава Њу Џерси, како одговор на книгата на Гуткинд од 1952 година, во која пишува за еврејството, Израел и модерното време.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска