Седумдесет години постоење на Националната галерија на Македонија

Од:

Во Даут пашин амам вечер ќе биде одбележан јубилејот – 70 години постоење на Национална галерија на Македонија, на кој ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Во објектот ќе биде отворена и изложбата насловена „Почетоци за паметење” 1948-1956 од архивата на Национална галерија на Македонија.

На изложбата ќе бидат претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење.

– Идејата за поставување на изложбата произлезе како резултат на моите заложби за истражување на архивската документација, со цел комплетирање на податоците за делата застапени во нашата колекција. При истражувањето наидов на многу интересни податоци поврзани со формирањето на галеријата, откупите на делата и комуникацијата со уметници и други институции. Најсилен впечаток ми остави периодот од 1948 до 1956 година кога со галеријата раководеле еминентните македонски ликовни уметници Борко Лазески и Никола Мартиноски, наведе кураторот на изложбата Славица Алексоска.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи