Шефот на севернокорејската дипломатија во посета на Сирија и Кина

Од:

Министрите за надворешни работи на Северна Кореја и Сирија Ри Јон-хо и Валид Муалем се сретнаа денеска во Дамаск и разменија благодарност за взаемната поддршка низ годините на меѓународна изолација.

Ри Јон-хо се заблагодари за противењето на Сирија на меѓународните санкции кон Северна Кореја, а Муалем за поддршката на Пјонгјанг на меѓународните форуми.

Севернокорејскиот министер денеска имаше средба и со сирискиот претседател Башар ал Асад, кој оцени дека САД се непријателска земја и за Сирија и за Северна Кореја.

Севернокорејскиот министер од 6 до 9 декември ќе престојува и во Кина, каде ќе има средба со својот колега Ван И, со кого ќе разговара за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, билатералните односи и други прашања од взаемен интерес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка