Караџовски: Решението за одговорност на член на Судскиот совет е несоодветно

Од:

Претседателот на Судскиот совет на РМ Зоран Караџовски смета дека решението за покренување постапка за одговорност за член на Судски совет што се нуди со измените на Законот за Судски совет не е соодветно.

– Решението на предлог од 25 членови од бил кој суд во државата да се покренува постапка за одговорност на судија не е соодветно, ако се знае како се избираат членовите на Судскиот совет. Од 520 судии, само 25 можат да покренат постапка за отповикување на мандат на член на Судскиот совет. Ако се оди на тоа решение, треба најмалку оние судии кои го избирале, да го отповикаат мандатот на судијата. Но, на крај прашањето е дали тој член на Судскиот совет што на тој начин ќе му биде отповикан мандатот, ќе има легитимитет да остане и да биде судија во судот од каде доаѓа. Прашањето е комплексно, изјави Караџовски.

Спротивно од него, претседателката на Институтот за човекови права и поранешна судика во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца-Николовска смета дека реформите во делот на законите за судови и за Судскиот совет се врзани со независноста и непристрасноста на судиите.

– Ова се новини кои даваат можност „мерит системот“ поактивно и поквалитетно да се имплементира во делот на она што значи оценување на судиите и во делот што значи нивно разрешување и унапредување, рече Цаца Николовска, според која се добри и критериумите кои се однесуваат за работата на членовите на Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството