Борусија Дортмунд загуби на домашен терен од екипата на Хамбургер со 1-4.
Двете екипи одиграа интересно прво полувреме, со доста голови и црвени картони. Се започна со голот на Левандовски, во 17-та минута кога го доведе во водство својот тим. Меѓутоа веќе во следната минута гостите израмнуваат со голот на Рудневс. Во продолжение Хамбургер натпреварот го сврте во своја полза, и поведе со 1-2 со голот на Сон. Во 31-та минута екипата на Дортмунд остана со играч помалку, откако Левандовски заработи црвен картон, по еден опасен старт над противнички играч.
Во второто полувреме и гостите останаа со 10 играчи, откако и Боума доби црвен картон поради старт врз Марко Ројс. Практично во истата минута, Хамбургер поведесо 1-3 со вториот гол на Рудневс. До крајот на натпреварот гостите само го зголемија водството на 1-4 со голот на Сон, и со тоа им ги срушија сите надежи на “Милионерите“, барем за реми.
Во останатите натпревари од 21 коло во Бундес лигата, Минхенгладбах и Леверкузен ремизираа, додека пак агонијата на Штутгарт продолжиоткако го доживеаја 5-от пораз по ред, каде загубија на домашен терен од Вердер Бремен. Во терминот од 18-30 часот ќе се сретнат екипите на Баерн и Шалке, меч кој ќе биде дерби на ова коло.
Резултати:
Штутгарт-Вердер Бремен 1-4
Менхенгладбах-Леверкузен 3-3
Дортмунд-Хамбургер 1-4
Франкфурт-Нирнберг 0-0
Гројтер Фурт-Волзбург 0-1
Хановер-Хофенхаим 1-0