ВИДЕО: Во Куманово продолжи протестниот караван на опозицијата

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Приврзаниците на СДСМ со околу 350 автомобили протестираа низ улиците во Куманово, поради незадовлството од однесувањето на централната власт.

На протестниот караван изјави дадоа парламентарецот Оливер Спасовски и градоначалникот Зоран Дамјановски кои побараа смена на „диктаторскиот режим“.

Македонија не е сопственост на Груевски, ни на неговиот братучед, ниту на некој од неговата партија. Груевски ако е толку храбар треба да се одважи и да излезе на предвремени парламентарни избори, да му суди народот и на него и на нас за она што се бориме. Се надевам дека наскоро ќе седнеме и ќе разговараме и ќе сфати дека иднината на Македонија не може да биде во негови раце, туку во раце на граѓаните – изјави пратеникот Оливер Спасовски.

Градоначалникот, Зоран Дамјановски додаде дека бојкотот ќе трае се додека не се постигне договор за стратешките интереси на Македонија.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда